Се трага по 34-годишен прилепчанец

Фото: Принтскрин

Триесет и четиригодишниот прилепчанец Лазе Ристески, се води за исчезнат, а неговото семејство бара помош за негово пронаоѓање.

Ристески го напуштил домот вчера наутро во 06 часот и му се губи секаква трага.

Како што информира неговото семејство, Ристески бил облечен во долни сини тренерки, во влечки и носел црвен ранец.

Неговото семејство и пријателите го бараат во изминатите 24 часа, но не можат да го пронајдат, и веќе ги имаат известено сите надлежни органи и полицијата.

Секој кој има било каква информација, да се јави на телефонскиот број: 077 791 460.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот