Свет

Цената на какаото вртоглаво расте

26 мар 2024

На њујоршката берзa какаото за еден ден поскапе за повеќе од 700 долари за тон и неговата цена надмина 9.000 долари за тон и беше поскапо од бакарот.

Овој месец фјучерсите пораснале за околу 50% а за една година овој пораст е двоен. Лошите жетви поради временските услови и болестите на посевите кај западноафричките одлгедувачи на какао каде што се произведува најголемиот дел од какаото, ја оставија оваа индустрија во незавидна ситуација, пренесува „Сибиз“.

Германските потрошувачи за Велигден веројатно ќе мораат што подлабоко да ја пикнат раката во џебот кога ќе купуваат чоколадни јајца и зајачиња, пренесува „дпа“.

Поскапувањето на  главната состојка на чоколадото, какаото, е најголемо во последниве 20 години.

 Од германскиот Заводот за статистика соопштиваат дека увозната цена на зрна и гранули од какао била за 73,4 отсто повисока во однос на претходните 12 месеци, додека увозт на какао масата и путерот истовремено поскапел за 49,4 отсто.

 

Извор: „дпа“

Фото: Pexels

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...