Борел предупреди дека на северот на Појасот Газа има целосен глад
Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека на северот на Појасот Газа настанал целосен глад и оти гладот сега му се заканува и на југот.
Во апелот на социјалните мрежи, Борел повика на „итен хуманитарен прекин на огнот“.
Тој нагласи дека резолуцијата 2728 на Советот за безбедност на Обединетите нации треба целосно и веднаш да се спроведе.
- Итно е потребен прекин на огнот за да се ослободат затворениците и да се обезбеди помош за гладните луѓе, рече Борел.
Тој потсети дека Израел „има обврска да обезбеди целосен, безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош во голем обем“.
Борел исто така ги осуди ракетните напади на Хамас и Исламски џихад врз регионот Керем Шалом во јужен Израел.