Реал Мадрид експлодира под притисок, Макаби лудо го сопна Монако

Реал Мадрид им се врати на победите и во мечот кој го играше под притисок заради лошата форма славеше над Виртус Болоња (80-67). Кралевите мораше да победат, затоа што со скор 14-14 беа надвор од плеј-оф зоната и бркаат последна виза за место во разигрувањето.

Виртус немаше шанси пред домашната публика, а тоа на тимот му се даде до знаење со првите два периода кои ги прикажа Реал Мадрид. Во првиот дел тимот даде 50 поени, побегна на +19 и беше доста лесно да се победи. Муса и Таварес распоредија по 13 поени кај победникот, додека кај Виртус, Морган имаше 11 поени.

Макаби Тел Авив направи ново изненадување и го шокира Монако кој се бори за разигрувањето во плеј-офот во Евролигата. Израелскиот тим славеше над Кнезовите како аутсајдер со 91-88, иако на 100 секунди до крајот губеше со шест поени разлика (82-88). Не помогна МВП-мечот на Мајк Џејмс кој заврши со 26 поени, затоа што кај Макаби блескаа Јокубаитис и Соркин со по 18 поени.

Алба Берлин на домашен терен исто така изненади со шпанска Басконија, која ја доби со 97-90. Томас даде 21 поен за победникот, пред Хермансон со 13 поени, додека кај Басконија, Рогкавопулос реализира 17 поени, а Хауард имаше 15.