Делови од стаорци пронајдени во пакувања леб во Јапонија

Спакуван сечен леб / Фото Илустрација: Ozgur Coskun / Alamy / Alamy / Profimedia

Еден од најголемите јапонски добавувачи на храна повлече повеќе од 100.000 пакетчиња од популарната марка на сечен бел леб, откако во некои од нив беа пронајдени делови од стаорци. Корпорацијата Паско Шикишима во средата објави дека истражува како делови од глодарот завршиле во две пакувања леб.

Тие додадоа дека нема пријавени случаи на заболување по консумирањето на нивниот леб, кој го произведува фабрика со седиште во западната префектура Токио. „Ќе ги повлечеме наведените производи и ќе ја запреме производната линија за да ја утврдиме причината и да спроведеме контрамерки“, се вели во соопштението.

Компанијата има намера да повлече од пазарот околу 104.000 пакувања леб. „Повлечениот производ не се продава во странство“, изјави портпаролот на компанијата за Си-Ен-Ен. Паско, основана во 1920 година, е главен снабдувач на пекарски производи и вработува повеќе од 3.700 работници во 12 фабрики низ целата земја.

Ова не е единствениот инцидент со храна во последната година. Во март, јапонските здравствени власти отповикаа три додатоци во исхраната од Кобајаши Фармасетукал, голем производител на лекови, по неколку смртни случаи. Минатиот август, добавувачот на храна Варабеја Ничијо пронашол лебарки во топчиња од ориз, продадени во продавницата 7-Елевен во Саитама, северно од Токио.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот