НБА: Далас и Кливленд израмнија во плејоф сериите на Истокот и Западот

Кошаркарите на Далас израмнија на 1:1 против Оклахома во полуфиналето од плејофот на Западната конференција во НБА лигата, откако утринава победија со 119:110.

Далас го предводеа Лука Дончиќ со 29 поени, 10 скокови и седум асистенции и Пи Џеј Вашингтон со 29 поени, 11 скокови и четири асистенции.

Во тимот на Оклахома, која го претрпе првиот пораз во плеј-офот сезонава, најефикасен беше Шеј Гилџес-Александер со 33 поени, додавајќи 12 скокови и осум асистенции.

Следниот трет натпревар се игра в сабота вечер, а домаќин ќе биде Далас.

На 1:1 во серијата до четири победија израмнија и кошаркарите на Кливленд против Бостон во полуфиналето од плејофот на Источната конференција, откако победија со 118:94.

Донован Мичел го предводеше Кливленд со 29 поени, осум асистенции и седум скокови.

Третиот натпревар ќе се игра во Кливленд ноќта меѓу сабота и недела.