Линкови за пристапност

Максим Димитриевски: Денеска се роди третата политичка сила


Димитриевски упати и порака до неговиот противкандидат Стево Пендаровски, да се откаже од претседателската трка во вториот изборен круг
Димитриевски упати и порака до неговиот противкандидат Стево Пендаровски, да се откаже од претседателската трка во вториот изборен круг

Се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок, којашто имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надоградиме со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново, истакна Димитриевски

Денеска ЗНАМ ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, кој, како што истакна на вечерашната прес-конференција, освоил повеќе од 80.000 гласови.

„Се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок, којашто имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надоградиме со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново“, истакна Димитриевски.

Димитриевски упати и порака до неговиот противкандидат Стево Пендаровски, да се откаже од претседателската трка во вториот изборен круг.

„Откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во името на граѓаните“, рече Димитириевски обраќајќи се кон Пендаровски.

Според податоците од Државната изборна комисија, објавени во 23.00 часот, на 87 проценти од пребројаните гласови, Димитриевски освоил 68.161 гласови, односно 8,67 отсто. Според истите податоци во водство е Гордана Силјановска Давкова за која гласале 315638 лица, односно 40,15 отсто. На второ место, пак, е Стево Пендаровски за кого гласале 156 406 граѓани, односно 19,90 отсто. Бујар Османи, пак, има освоено 106.860 гласа, односно 13,59 отсто.

XS
SM
MD
LG