Кожув со триумфот над Охрид го потврди опстанокот во елитата

фото: kfsm.mk

По само една сезона „престој“ во елитната конкуренција, кошаркарите на Охрид во следната натпреварувачка сезона ќе биде дел од второлигашите.

А за тоа на едно коло пред крајот на плеј-аут лигата се погрижи Кожув од Гевгелија кој славеше убедливо со 89:55 во салата „Билјанини извори“ за потврда на опстанокот во друштвото на најдобрите.

Екипата од Гевгелија само потврди дека е најквалитетната во оваа мини-конкуренција на четири екипи од кои последните две ќе се преселат во понискиот ранг.

Статистички гледано, Караџовски реализираше најмногу поени, вкупно 19 (плус пет асистенции и три скока). Во домашната екипа Бојовски постигна 10 поени.

Од 18.00 часот, во салата „Независна Македонија“ ќе се игра уште еден важен меч за изгледот на табелата во Плеј-аут сегментот, во кој екипата на Навико Академија ФМП го дочекува Вардар.

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ, ПЕТТО КОЛО

Охрид – Кожув 55:89

18.00 часот: Навико Академија ФМП – Вардар

ТАБЕЛА: Кожув 36 бодови, Вардар 32, Навико Академија ФМП 32, Охрид 32.

ИДНО КОЛО (27/28 април)

Вардар – Охрид
Кожув – Навико Академија ФМП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот