Пендаровски во Кичево: Повелете сите на бина да му кажеме на Мицкоски дека не сум сам

Актуелниот претседател на државата и кандидат за втор мандат на функцијата поддржан од СДСM, Стево Пендаровски на вечерашниот изборен митинг во Кичево ги повика присутните да се качат на бината и да застанат покрај него.

Со овој невообичаен гест, како што кажа тој, сака да ѝ одговори на главната опозициска партија (ВМРО-ДПМНЕ), за нејзините прозивки дека во настапите од претседателската кампања е сам, без да биде придружуван од раководството на партијата која застана зад неговата кандидатура.