71-годишна скопјанка нападната од две лица, завршила со повреди среде ноќ

71-годишна скопјанка вчеравечер била нападната од две лица при што се здобила со повреди. 

- Денеска (28.03.2024) во 00.10 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошла 71–годишна жена од Скопје. Според пријавеното, таа се здобила со повреди на 27.03.2024 околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н., соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат оттаму.