Свет

„Диа“ ќе затвори над половина од своите продавници во Бразил

15 мар 2024

 Шпанската групација за малопродажба на храна „Диа“  објави дека ќе затвори 343 продавници и три магацини во Бразил по негативните резултати за нејзиниот бизнис во јужноамериканската земја минатата година.

„Диа“ се насочува кон дивестирање за да го намали нето финансискиот долг, кој кон крајот на минатата година се намали за 22% во однос на претходната година.

 Целта е да се насочат ресурсите на групацијата кон поприфатабилни пазари со подобар потенцијал за раст, како што се Аргентија и Шпанија, се вели во поднесокот на „Диа“ до шпанскиот берзански регулатор „ЦНМВ“

„Диа“ соопшти дека планира да ја фокусира својата активност во областа  на Сао Паоло, каде што ќе продолжи да работи со 244 продавници.

„Диа“ започна со работа во Бразил во 2001 година и во моментов има околу 600 продавници.

 

Извор: esmmagazine.com

Фото: „Диа“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...