08 Мај, 2024
0.0232

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Пораката „Не е до нив, до тебе е“ пристигна до многумина, затоа што караванот од оваа кампања отпатува низ повеќе градови низ Македонија. А во недела, диџеј Мац и актерот Бојан Кирковски доаѓаат во Скопје, во Градски парк на Школка. Затоа, доколку сакате да се забавувате, да се насмеете до солзи и на позитивен начин да донесете вистинска одлука, дека ВИЕ сте тие што ќе учествуваат во креирањето на вашата држава, не наоѓајте нови изговори и оваа недела (21.04.2024) во 15:00 часот, бидете во првите редови од публиката на Школка на стенд ап настапот на Бојан Кирковски.

Благодарение на оваа кампања, секој од нас ќе посвети многу поголемо внимание на правото на глас и на одговорноста што ја имаме кон нашата најголема граѓанска должност. Но, доколку ти сеуште со недоверба си го поставуваш прашањето „Што ќе смени баш мојот глас“, тогаш дефинитивно треба да ги зачуваш следните локации и датуми на караванот, за да го добиеш вистинскиот одговор – „Не е до нив, до тебе е„.

Диџеј Мац и Бојан Кирковски ви закажуваат следна средба уште утре, 19.04.2024 во Градски парк во Кочани, а караванот ќе патува и во Куманово - Градски плоштад (20.04.), Скопје, Центар – Школка (21.04), Битола - Широк сокак (22.04), Скопје, Ѓорче Петров – Парк (23.04), Прилеп - Градски плоштад (24.04) и Охрид - Плоштад ‚‚Св. Климент Охридски‘‘ (27.04).

Исто така, голем дел од познатите личности од македонската јавна сцена, со задоволство прифатија да бидат дел од оваа кампања, затоа што сите имаат една цел - заедно со граѓаните да се обидат да ги променат навиките и да ја издигнат свеста во Македонија за вредноста на правото на глас на повисоко ниво.

Искористете го викендот и оваа недела дојдете во Градски парк во Скопје, на Школка за да се насмеете на ваша сметка и низ урнебесна комедија да се уверите дека навистина, „Не е до нив, до тебе е“. Ако и ова неделно попладне не одвоите време за природа, стенд ап забава и за храбра одлука, тогаш дефинитивно, не е до нив, до вас е.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“