[ВИДЕО] Хит чанта која за малку ќе останеше „надвор од радарот“: Изгледа како картонска кутија за храна, а цената е вртоглава

Точка

22/03/2024

17:54

4.878

Големина на фонт

а а а

Брендот „Saint Laurent“ го претстави својот хит минатата година, но дури сега предизвика големи реакции.

Светските дизајнери креираат и диктираат во кој правец луѓето ќе се облекуваат. Запознаени сме со убавите фустани, чанти, костуми, но често дизајнерите знаат да прибегнат кон создавање поризични парчиња, таканаречени „edgy“ изданија.

„Balenciaga“ дефинитивно предничи. По ќесите за отпад, полициските ленти и обичните пешкири замотани како здолниште кои чинат над илјада евра, на ред дојде брендот „Saint Laurent“ со својата чанта со интересен облик.

Оваа чанта е изработена од телешка кожа со постава од антилоп и прекриена со култното лого на „YSL“, како и големо метално лого на предната страна. Моделот доаѓа во две бои: винтиџ кафеава и црна.

Оваа чанта, која наликува на картонска кутија за „Happy Meal“ од Мекдоналдс, како што ја нарекуваат корисниците на социјалните мрежи, чини вртоглави 1735 евра!

Францускиот бренд и претходно беше предмет на контроверзии за чантата од телешка кожа од 1300 евра, која изгледаше како хартиена ќеса за ручек.



Спонзорирани линкови

Маркетинг