12 Мај, 2024
0.0248

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Објавено во: Мои пари 28 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком е првиот оператор во Македонија којшто ќе ја деактивира старата 3G технологија како дел од стратегијата за креирање супериорна мрежа, најдобро корисничко искуство и дигитална трансформација. Одлуката е во согласност со светските трендови во индустријата, а целта на овој чекор е целосен фокус на развојот и ширењето на новите технологии. Во исто време, овој чекор е и одличен показател за степенот на развиеност, доверливост и супериорност на 4G и 5G мрежата на Македонски Телеком.

3G за прв пат кај нас беше воведена во 2009 година и го отвори патот кон интернет ерата. Иако некогаш револуционерна, оваа технологија е одамна надмината. Со нејзиното гасење ќе се ослободат фреквенции, ресурси и инвестиции коишто ќе бидат целосно насочени кон развој на 4G и 5G технологиите. 

„Гасењето на 3G не е само замена на застарената технологија, туку и ветување за супериорно корисничко искуство. 3G заминува во историјата, а ние целосно ќе го искористиме потенцијалот на новите далеку понапредни технологии како што се 4G и 5G заподобра поврзаност, поголеми брзини и поквалитетна услуга за корисниците.“ – изјави Маја Милосавлевска Наумовска, Главен директор за техника и ИТ во Македонски Телеком.

Активностите ќе се одвиваат постепено, по региони, за да се обезбеди транзиција без прекини во комуникациските услуги. До крајот на април 2024 година, 3G ќе биде целосно надвор од употреба на целата територија.

Замената на старите технологии освен технолошки носи и еколошки поволности. Во споредба со 3G, 4G е за 5 пати, а 5G  дури за 15 пати, енергетски поефикасна. Ова значи намалување на емисијата на јаглерод диоксид, што е дел од ESG агендата на Македонски Телеком.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?