Поранешна стриптизерка се закани дека ќе објави голи слики од принцот Хари- била разочарана

Поранешната стриптизерка Кери Рајчерт се закани дека ќе објави фотографии на кои се гледа британскиот војвода од Сасекс, принцот Хари Виндзор, без облека, бидејќи не ја спомнал во своите мемоари „Spare“.

Таа за британски The Sun изјави дека има намера да ги објави неговите слики на страницата за возрасни Onlyfans, објави Дејли Меил.

„Имам убави голи слики од него. Никогаш претходно не сум ги објавила од почит, но тоа сега не е важно. Тој е проклет идиот“, рече Рајхерт и додаде дека Хари порано бил „луд и спонтан“, но сега се обидува да го покаже спротивното.

Таа тврди дека се налутила што едвај ја спомнал во мемоарите и покрај тоа што поминале извесно време заедно.

„Тој не зборуваше за многу работи што се случија таа вечер. Изненадена сум што се сеќава на нечие име бидејќи беше прилично пијан, но можеше да зборува за неколку работи што се случија меѓу нас, тоа целосно му избега“, тврди Рајхерт.

Принцот Хари и Рајхерт поминале една ноќ заедно во Лас Вегас во 2012 година, кога Хари имал 27 години, а за тоа време отишле на забава и се вратиле во неговиот хотелски апартман откако член од придружбата на Хари ѝ пришол во барот на хотелот и ја праша дали сака да се „дружи“ со Хари.

Во август 2022 година, Рајтхерт на аукција ставила црни гаќи за кои тврдела дека Хари ги носел таа вечер.

„Кога беше во Вегас, сите го сакаа него и неговото чувство за забава. Тој стана толку досаден, што е навистина штета“, рече таа.

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи, во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони

И покрај опструкциите со кои се соочува нашиот градоначалник Борче Митевски овде во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива.

Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка.

Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи.

Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

„Гответе со Дракче“ - Макало од компири

Во петок (03.05.2024) во емисијата гостин ни беше Рада Бошковска

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. кромпир

3 пакувања сув пипер

1 главица лук

1 китка магдонос

сол и бибер по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Во Пустец ќе биде откриена спомен-биста на Гоце Делчев

На свеченост организирана од општина Пустец денеска на плоштадот во оваа општина ќе биде откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија - Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.

Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.

- Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство, изјави Колефски за МИА по доставеното барање.

Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

притисни ентер