Имено, режисерот на новата тричасовна епска сага, Денис Вилнев неодамна за „Колајдер“ (Collider) изјави дека избришаните сцени нема да ѝ бидат достапни на јавноста.
- Сметам дека сè што не е во филмот - не постои! - Понекогаш исфрлам сцени и велам: „Не ми се верува дека ќе го исфрлам ова.“ Се чувствувам како самурај кој „сам си ги отсекува своите црева“, а тоа е болно. Затоа потоа не можам туку така да се вратам и да го направам „Франкенштајн“ со оживување на нешто што сум го убил. Премногу е болно. Кога нешто е мртво, тоа е мртво со причина... Но, тоа е моја работа. Филмот има предност. Јас сум многу строг во редакцијата. Не размислувам за себе, туку на филмот, појасни Вилнев.
Меѓу избришаните се и единствените две сцени со ликот Туфир Хават (глумен од Стивен Меккинли Хендерсон) од првиот дел од „Дина“.
- Меѓу најболните одлуки за мене беше исфрлањето на Туфир Хават. Тој е лик што најмногу го сакам, но уште од самиот почеток решив дека ова е адаптација на Бене Гесерит. Тоа значи - „Ментатите“ не се присутни колку што треба, но таква е оваа адаптација, додаде режисерот.
Инаку, друг глумец чии сцени беа избришани е Тим Блејк Нелсон. Иако тој е разочаран што неговите сцени се исклучени, тој се радува на идна можна соработка со Вилнев.
- Мислам дека не можам да кажам за каква сцена се работи. Дени може да зборува за тоа ако сака. Прекрасно се забавував додека ја снимав таа сцена, а потоа Дени ја избриша бидејќи мислеше дека филмот е предолг. Скршен сум поради тоа, но не можам против него. Ми се допадна искуството и едвај чекам повторно да работам со него, што дефинитивно планираме да го направиме, изјави Нелсон
„Дина 2“ излезе на 1 март и засега има висока оценка 9 / 10 на ИМДБ, а на „Ротен томатос“ го препорачуваат 94 отсто од критиката и 95 отсто од гледачите. /МИА