ВИДЕОАНКЕТА: Што очекуваат граѓаните од изборите?
Коренити промени во здравството и подобар живот за семејствата во социјален ризик и пензионерите, се дел од желбите и очекувањата на граѓаните по изборите. Во тек е гласањето за претседател на државата. „Слободен печат“ посети неколку гласачки места, избирачите претежно задоволни од организацијата на изборите.
– Нема гужва, завршив многу брзо, сè е во ред, мирно, тивко и свечено – рече една скопјанка.
Друг господин сподели со нас дека завршил работа за една минута, а според една госпоѓа е чудно што немало гужва.
– Мирно и празно, дури и чудно за овој период од денот – рече таа.
Според дел од анкетираните на секое ниво ни се потребни корекции во нашето општество.
– Секаде се потребни промени, од функционирање на институциите до економската состојба, буквално во секоја област ни се потребни корекции.
За друга госпоѓа, здравството е најосетливата клетка во нашето општество.
Целата анкета погледнете ја во продолжение: