Зеленски: Путин е безвреден лидер

Владимир Зеленски, Владимир Путин / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече Владимир Путин „безвреден“ лидер поради неговата реакција за нападот врз комплексот на концертната сала „Крокус“ во предградие на Москва.

Украинскиот претседател го прозва Путин дека „молчеше еден ден“ пред лажно да ја обвини Украина во „целосно предвидлив“ потег.

Зеленски му предложи на Путин да ги искористи илјадниците Руси, кои умираат на украинска територија, да ги запрат терористите дома.

„Тие донесоа стотици илјади свои терористи овде, на украинска територија. Тие се борат против нас и не им е грижа што се случува во нивната земја“, рече тој.

„Сето ова се случи вчера, а овој безвреден Путин, наместо да се занимава со граѓаните на Русија, да им се обраќа, молчеше еден ден – мислејќи како да го поврзе со Украина. Сè е сосема предвидливо. Стотици илјади Руси кои во моментов умираат на украинско тло сигурно ќе бидат доволни за да ги запрат сите терористи“, заклучи украинскиот претседател Володомир Зеленски во реакцијата на терористичкиот напад во Москва и обвинувањата од рускиот претседател и руската служба за безбедност (ФСБ) дека Украина имала конекции со терористите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот