logo
logo
logo

Нурнале во мистеризоната сина дупка во океанот, па откриле нешто страшно: Повикавме полиција

Vecer | 22.04.2024

Нурнале во мистеризоната сина дупка во океанот, па откриле нешто страшно: Повикавме полиција

Во 1970-тите, беше популаризирана од истражувачот Жак Кусто, но не беше темелно истражена. Сè се смени во 2018 година кога експедицијата предводена од милијардерот Ричард Бренсон реши да се спушти на нејзиното дно.

Големата сина дупка е со дијаметар од 300 метри, додека најдлабоката точка е 125 метри, пренесува LadBible.

Одлучено е експедицијата, која покрај Бренсон ја сочинуваа Фабиен Кусто (внук на Жак Кусто) и истражувачот на National Geographic Ерика Бергман, да користат мала подморница за да ја постигнат целта.

Кога стигнале на длабочина од 90 метри, наишле на слој од водород сулфид кој го спречил понатамошниот развој на подводниот живот, а сѐ околу нив се стемнило.

Она што го пронашле на дното целосно ги шокирало. Имало куп ѓубре, вклучувајќи пластични шишиња, како и нечија GoPro камера со семејни слики.

„Најдовме и остатоци од двајца нуркачи кои немаа среќа кога ја истражуваа Големата сина дупка. Веднаш ги известивме полицијата и локалните власти, а не ги допревме посмртните останки“, изјави подоцна Ерика Бергман.

Експедицијата нашла и докази дека подводната структура не била секогаш дупка. Имено, на јужниот ѕид е откриен пештерски систем и огромни сталактити.

„Ова е јасен доказ дека Големата сина дупка некогаш била пештера, бидејќи сталактитите се формираат само во суви пештери“, објасни Ричард Бренсон.

Ерика додала дека на дното нашле и „невообичаени траги“, односно „кругови“ кои се вкрстувале точно околу центарот на дупката, но дека не разбираат како биле создадени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk