Се бори за живот младата жена од Велес која сопругот ја застрела во стомакот

Фото: Нафи Авдулаи / Google Maps

25-годишната велешанка М.Р., која утрото беше тешко повредена од нејзиниот невенчан сопруг, се бори за живот на скопските клиники, информираат лекарите. Таа беше застрелана во стомакот од 38-годишниот насилник, кој потоа избега, а потоа се самоуби кога полицијата дојде во неговиот стан за да го уапси.

Информацијата вечерва ја потврди портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, кој рече дека утре ќе соопшти дополнителни информации околу случајот, меѓу кои и за тоа дали повредата била нанесена со огнено оружје.

Утрото повредената жена била донесена во болница, од каде потврдија дека таа имала прострелна рана во стомакот, која ѝ ја нанел 38-годишниот невенчан сопруг.

Како што информира д-р Елена Левкова Ќулумова од велешката болница, 25-годишната М.Р. била донесена со возило на Итната помош во 08:30 часот, во тешка состојба, со прострелна рана во долниот дел на стомакот. По направените лабораториски испитувања, а поради тежината на повредата, жената во тешка, животозагрозувачка состојба била препратена во Ургентниот центар на скопските клиники, каде и натаму се бори за живот.

Ужасно семејно насилство во Велес: Млада жена е ранета, сопругот ѝ пукал во стомакот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот