[ВИДЕО] Ова се највоздушестите белгиски вафли кои некогаш сте ги пробале: Се прават брзо, а вкусот е неодолив

Точка

09/05/2024

16:00

4.416

Големина на фонт

а а а

Доколку сте љубители на американски палачинки, тогаш треба да ги пробате овие неодоливи вафли кои веднаш ќе ве освојат.

За појадок или вечера вообичаено ни се јаде она што најбрзо може да се подготви, а белгиските вафли нема да ви одземат многу време.

Исто така се вели дека за вкусови не треба да се расправа, но нивниот е толку маѓепсувачки што сите ќе ги освои.

Состојки:

- 2 јајца (одделете ги белките од жолчките);
- Прстофат сол;
- 125 милилитри масло за јадење;
- 300 милилитри млеко;
- 1 лажица арома од ванила;
- 50 грама шеќер;
- 10 грама прашок за печиво;
- 250 грама брашно.

Подготовка:

Прво изматете ги белките додека не добиете цврста смеса, а потоа во друг сад измешајте ги состојките, на крај добиената смеса соединете ја со изматените белки.

Вашата смеса за вафли е подготвена и сѐ што треба да направите е да ги испечете и да уживате во вкусот. Може да ги филувате по желба, а можат да се јадат и без дополнителен фил.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг