ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.09.2022
Роже Федерер достојно испратен во легендите на тенисот
Автор: Goce Author

Роже Федерер и официјално стави крај на активната тениска прикаzна и тоа со настапот во двојки со Рафаел Надал на Лејвер Купот во Лондон.

Фото: Twitter Roger Federer

Швајцарецот и Шпанецот не успеаа да ги победат Џек Сок и Френсис Тиафо, но резултатот падна во втор план затоа што имаше премногу емоции, енергија на збогувањето на човекот кој остави голема трага во овој спорт.

Откако се смири ситуација, емоциите, впечатоците, Федерер одлучи да ги искористи социјални мрежи и да испрати порака:

-Вчера беше магична вечер. Ви благодарам повторно на сите играчи и навивачи кои беа тука да го споделат овој момент со мене. Многу ми значи, -напиша маестрото од Базел

По последниот меч во кариерата на Роже Федерер се беше готово. Прво изјавата на актерот, а потоа овации за легендарниот Швајцарец.

Една од идеите како да се поздрави Федерер е иницирана од српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Фото: Twitter Roger Federer

Тој ги собра сите играчи од Тим Европа и Тим Светот, а потоа заедно со Френсис Тиафо, Феликс Огер-Алиасим и Матео Беретини го крена Федерер и му обезбеди дополнителен аплауз и овации.

Оваа ситуација ги насмеа сите учесници на Лејвер купот. Не одолеа и алвеникот Роже, кој може да се каже, беше среќен како дете.
https://twitter.com/i/status/1573618135617372161

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието