Политико: Макрон сака да отвори дебата за европското нуклеарно одвраќање

Претседателот на Франција, Емануел Макрон/фото:ЕПА

Како што станува поостар кон Русија, францускиот претседател повика на дискусија за идејата за користење на француските нуклеарни боеви глави за одбрана на ЕУ, пишува „Политико“

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е подготвен да разговара за користење француски нуклеарни боеви глави како дел од „веродостојната европска одбрана“ од заканите од Русија.

„Јас сум за отворање на оваа дебата, која треба да вклучи ракетна одбрана, пукање со оружје со долг дострел, нуклеарно оружје за оние кои го имаат или кои имаат американско нуклеарно оружје на нивната територија. Франција ќе ја задржи својата специфичност, но е подготвена да придонесе повеќе за одбраната на европското тло“, рече Макрон во интервју за регионални медиуми од новинарската група Ебра објавена доцна во саботата.

Франција, која има околу 300 нуклеарни боеви глави, е единствената нуклеарна сила во Европската унија, пишува „Политико“.

Во анализата се додава и дека, францускиот претседател во последниве недели има сè поостар став против Русија во врска со нејзината целосна инвазија на Украина, и не е првпат тој да предложи користење на француското нуклеарно оружје за одбрана на ЕУ.

Макрон првпат го навести можниот потег во 2020 година, кога повика на „стратешки дијалог“ за „улогата на нуклеарното одвраќање на Франција во колективната безбедност [на Европа]“, во обид да отвори дискусии за ова прашање со Германија. Франција потоа ја повтори понудата во 2022 година.

Досега, Берлин не ја прифатил таа понуда.

Но, во јануари, Манфред Вебер, лидер на централно-десничарската Европска народна партија (ЕПП) и член на баварската ЦСУ, која моментално е дел од германската опозиција, изјави за „Политико“ дека Европа треба да „ја прифати понудата на Макрон“ со оглед на градење на „европската димензија на нуклеарната одбрана како долгорочна цел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот