Шок за Покетино: Панама ги исфрли САД од ЛН, јунакот славеше со Анри (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави (САД) имаше ноќ за заборав, затоа што како голем фаворит загуби од Панама (0-1) и испадна од КОНКАКАФ Лигата на нациите каде важеше за еден од главните фаворити за тронот.

Тренерот Маурисио Покетино долго ќе го памети овој меч, затоа што Американците имаа целосна иницијатива, креираа шанси, ама испаднаа со гол кој го примија пред самиот крај на мечот.

Во првото полувреме, САД дојде до предност благодарение на Џош Сарџент, меѓутоа голот на играчот на Норич Сити во 25. минута беше поништен заради офсајд. Немаше голови на паузата, САД ги промаши сите можни шанси, па следеше студен туш во 95. минута кога Панамците дојдоа до победата со голот на Сесилио Вотермен.

Јунакот на мечот имаше интересна прослава, ја сподели радоста за голот со легендарниот голгетер Тиери Анри кој беше таму во улога на стручен коментатор. Уште пред мечот, Вотерман посочи дека Анри е негов идол. По голот за победа, Анри го доби дресот на Вотерман како подарок и му вети дека ќе му возврати со негов дрес од Арсенал следниот пат.

Така, САД ја чека меч за третото место против Канада, а Панама ќе игра во финалето против Мексико. Дуелот меѓу Мексиканците и Канаѓаните завши со резултат 2-0.