Свет

Германија: Извозниците со слаби очекувања

25 апр 2024

 Очекувањата на германската извозна индустрија овој месец се во благ пад. Месечниот индикатор на Институтот „Ифо“, во април паднал на минус два, од партовските 1,2 поени, пренесува „дпа“.

Донекаде е пригушено расположението. Добри изгледи за пораст на глобалната економија зависат од порастот на нарачките, изјави Клаус Вохлрабе, шеф на секотор за истражување во „Ифо“.

 Индикаторите на „Ифо“, се добиени по пат на месечно анкетирање на околу 9.000 компании од сите сектори.

 Што се однесува на очекувањата на извозниците, тие проценки се однесуваат за следните три месеци. Билансот се формира од разликата помеѓу позитивните и негативните проценки: кога е повеќе негативна, тоа општо укажува дека извозот ќе биде послаб.

 Општиот индекс за состојбата во германската економија , во кој се земаат во предвид сите секотори во април бележи подобрување.

 Извор: „Дпа“

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...