Сергеј Трифуновиќ за неодамнешното апсење: „Сега сум нов човек – превоспитан“

Сергеј Трифуновиќ во претставата „Воз“ / Фото: Фејсбук/Театар „Ѕвездара“

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ (51) неодамна беше уапсен додека купувал дрога.

Две недели подоцна, тој конечно се огласи на оваа тема на социјалните мрежи.

„Дури сега си го добив телефонот назад. Бев на вештачење со цел да се откријат и другите членови на мојот наркокартел. Имам 6000 пропуштени повици и пораки и во оваа прилика сакам да им се заблагодарам на сите за грижата и поддршката. Поединечно, тоа би траело со денови. Важно е да знаете дека правдата во Србија постои и дека органите си ја вршат својата работа. Сега јас сум сосема поинаков човек. Превоспитан. Подобар. Спортист. Сите да излезете на избори“, напиша тој во својата објава на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Сергеј Трифуновиќ

Да потсетиме, Сергеј Трифуновиќ кон средината на април беше приведен во белградски Вождовац, откако, како што пренесуваат српските медиуми, купил дрога од познаник.

По сослушувањето во Вишото јавно обвинителство во Белград, на актерот му е укинат притворот, а според извори на српските медиуми, Трифуновиќ признал дека дрогата ја поседувал за лична употреба, па не останал во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот