СДСМ: Бојкотот е порака и за власта која не ги спречи енормните поскапувања
Граѓаните самите се организираа и преку бојкот на маркети крена глас против високите цени и енормните поскапувања, велат од СДСМ. Бојкотот е порака и за власта на Мицкоски која не ги заштити граѓаните, не презеде навремени и ефикасни мерки и не го спречи растот на цените. Токму Мицкоски, на 5 декември 2024 година, на прес конференција во Владата ја промовираше „кошничката“ и рече дека над 600 производи ќе поевтинат. Па потоа тераше евтини ПР кампањи и ги убедувавте граѓаните дека кошничките имаат ефект, дека цените се намалени. Но, наместо да се намалат цените се зголемија, велат од СДСМ.