Либански воен аналитичар: Не верувам дека Иран ќе возврати на провокацијата од Израел

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Либански воен аналитичар во изјава за „Асошиејтед прес“ вели дека не очекува Иран да возврати на очигледниот израелски напад во близина на централниот град Исфахан.

„Никој не би се осмелил да влезе во некоја регионална војна, никој не го сака тоа“, вели пензионираниот генерал на либанската армија и стратегиски аналитичар, Елиас Хана.

Според него главното одвраќање за двете страни се Соединетите Американски Држави.

Хана рече и дека со сигурност се очекувало Иран да го нападне Израел директно како одмазда за бомбардирањето на неговиот конзулат во Дамаск претходно овој месец.

„Се чувствуваше слабоста на Соединетите Американски Држави и регионот, како и неспособноста на израелските вооружени сили и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху навистина да ја завршат војната во Газа по седум месеци, додава тој.

Тој рече дека Иран најверојатно ќе се врати во прокси војната преку групи што ги поддржува во регионот.

„Големата стратегија на Иран е борба преку прокси групи. Ова е начинот на војна на Иран. Тоа е како да се бориш со невидлив непријател, додава Хана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот