Белорусија ќе изврши предвремени проверки на капацитетите за испорака на тактичко нуклеарно оружје

Белорусија започна со воени вежби за тестирање на подготвеноста на своето тактичко нуклеарно оружје.

На воената вежба вооружените сили на Белорусија го тестираа авионот СУ-25, како и одбранбениот ракетен систем Искандер.

Виктор Кренин, министер за одбрана на Белорусија, рече дека вежбата била дел од вонредната инспекција што му ја доделил врховниот командант на вооружените сили на Белорусија.

Белоруската инспекција доаѓа еден ден откако Русија, близок сојузник на Белорусија, соопшти дека ќе започне со тестирање на своето нуклеарно оружје на бојното поле.

Тоа беше првпат Русија јавно да објави вежби со тактичко нуклеарно оружје, иако нејзините стратешки нуклеарни сили редовно одржуваат вежби.

Тактичкото нуклеарно оружје вклучува воздушни бомби, боеви глави за ракети со краток дострел и артилериска муниција и е наменето за употреба на бојно поле.

Тие се помалку моќни од стратешкото оружје – масивни боеви глави што вооружуваат интерконтинентални балистички ракети и се наменети да уништат цели градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот