Изненадување во тенисот: Освојувачот на еден грен-слем трофеј заминува во пензија на 30 години

Фото: EPA-EFE/RODRIGO ANTUNES

Aвстралискиот тенисер Доминик Тим има намера да се пензионира на крајот на октомври по завршувањето на турнирот во Виена.

Победникот на УС Опен од 2020 година е надвор од светскиот тениски врв веќе три ипол години. Неговиот пад започна по освојувањето на првиот и единствен грен-слем во кариерата.

Тогаш започна да има проблеми со мотивацијата и психата, а го стигнаа и повредите пред се на зглобот. Во моментов се наоѓа на 117. место на АТП листата и препознатливата форма никогаш не успеа да ја врати.

Неговиот најдобар пласман беше во 2020 година кога стигна до третата позиција на АТП листата. Во кариерата успеа да освои 17 титули.

Втор најголем успех му беше победата на Индијан Велс во 2019 година. Сепак, може да се пофали и со финалиња на Ролан Гарос во 2018 и 2019 година и финале на Австралија Опен во 2020.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот