Сите би се согласиле дека изневерувањето е апсолутно најлошото нешто во една врска. Секој кој барем еднаш бил изневерен од партнерот знае каков огромен и уништувачки ефект има врз поматамошната доверба и способност да верувате на другите. Како човечки суштества ние, за среќа имаме навистина добра перцепција и не сме глупави кога станува збор за сомнителните вибрации и знаци. Вие најдобро го знаете партнерт до вас така што ако ви е нешто сомнително, тогаш можеби навистина се случува нешто.

Некои примери и одговори ќе ве натераат да се однесувате „лудо“ или „параноично“, откако ќе ги прашатe и ќе споменете нечесно однесување. Затоа Филип Адкок (Phillip Adcock), истакнат психолог и автор на книгата „ Господар на вашиот мозок: Тренирајте го мозокот за успешен живот“ (Master Your Brain: Training your Mind for Success in Life), има неколку корисни совети да сподели со вас. Тој е експерт во проучување на човечкото однесување и вели дека има некои знаци на кои што треба да обрнеме внимание.

НЕ ВЕ ГЛЕДААТ ВО ОЧИ

Кога им зборувате каде одат, каде биле и слично, тие секогаш избегнуваат да ве гледаат директно во очи додека одговараат. Др. Филип вели дека тие се обидуваат да ги прикријат очите во критичните моменти за време на разговорот, гледајќи некаде што подалеку од вас, затоа што всушност не можат да ве погледнат во очи, што е клучната работа при откривање.

ПРЕМНОГУ ВЕ ГЛЕДААТ ВО ОЧИ

Од друга страна, пак има луѓе кои тренирале, односно извежбале да ве гледаат во очи за да делуваат поубедливо. Тие додека објаснуваат каде биле, што правеле и слично, цело време буквално ќе зјапаат во вас. Затоа вие, како искусен откривач на лаги, почнете да приметувате дали нивните очи се премногу отворени и изгледаат како да зјапаат во вас со доза на возбуда.

ЧУДНО ДИШАТ

Според истражувањата на др. Филип, дишењето е огромен детектор за лаги. Обрнете внимание, доколку разговорот е измислен и лажен, дишењето ќе биде неприродно. Тоа е така, затоа што всушност мора да внимаваат што зборуваат, со други зборови да измислуваат и тоа придонесува да заборават на дишењето. Сето тоа е причина дишењето да стане неприродно и нерамномерно.

СЕ ВЦРВЕНУВААТ

Како што вашиот партнер ќе се задлабочи во разговорот со вас, така ќе стане свесен за себе и за тоа што го зборува. Затоа што тие знаат дека лажат, автоматски помислуваат дека вие сте го увиделе тоа и сте го сфатиле, без разлика дали тоа е навистина така. Ние, луѓето кога ќе сфатиме дека останатите гледаат во нас и дека веројатно не осудуваат и поради тоа повеќе крв се испраќа кон деловите од телото, каде што мислиме дека останатите не гледаат, а тоа е нашето лице. Така што внимавајте на вцрвенувањето, но немојте многу да се потпрете само на тоа. Затоа што мора да бидеме свесни за тоа дека нашето лице се вцрвенува и од лутина, па мора да ги провериме и другите симптоми. Покрај се можеби партнерот само е лут поради непотребното испрашување.

МРДААТ ПРЕМНОГУ СО РАЦЕТЕ

Доктор Филип вели дека кога ние објаснуваме нешто, рацете имаат огромна улога. За жал не секогаш можеме да ги контролираме. На пример, доколку патрнерот ве лаже, ќе направи се за ја прикрие лагата и да го насочи вниманието на нешто друго.

ЛИЦЕТО ИМ Е КАКО ЗАЛЕДЕНО

Како луѓе, ние имаме премногу изрази на лицето, тоа постоело мноогу поодамна пред да се создаде јазикот, така што многу влијае во нашата комуникација. Кога го слушаме нашиот партнер како објаснува, бидете посвесни за изразите на лицето. Најчесто тоа е огледало на душата. Човек кој вели дека не лаже, а притоа прави чудни изрази на лицето, нешто како собирање на устата, спојување и кревање на веѓите, најверојатно лаже и се обидува да скрие нешто.

ПРЕМНОГУ НАВЛЕГУВААТ ВО ДЕТАЛИ

Доктор Филип објаснува дека оној што ја кажува вистината ќе ви каже само неколку детали каде биле и што правеле. Дури и луѓето што не сакаат детални објаснувања, во обид да ја прикријат измамата ќе натрупаат премногу детали.

ПОМИНУВААТ ПРЕМНОГУ ВРЕМЕ НА ИНТЕРНЕТ

Дали вашиот партнер во последно време има преголем интерес за социјалните мрежи¬? Најверојатно премногу време поминува додека е „онлајн“. Дали се грижат и стравуваат да не видите, ги менуваат сајтовите кога вие ќе се приближите, па можеби и некогаш го затвораат лаптопот за да не видите. Во тој случај тие може да бидат и исфрустрирани доколку ги прашате зошто го прават тоа.

ВЕРУВАЈТЕ ИМ НА ИНСТИНКТИТЕ

Доктор Филип објаснува дека луѓето се познати по нивната неверодостојност, а пак од друга страна чудно транспарентни. Па, кога станува збор за откривање на лаги, следете ја вашата интуиција. Кога свесно ги приметувате овие знаци за неверство, а потсвесно не верувате дека тоа е така, тогаш верувајте дека тоа навистина не е така. Луѓето имаат некоја чудна моќ. Нашата потсвесна интуиција е навистина многу добро развиена и ретко кога погрешна, според истражувањата на др. Филип.


Администратор
19/04/2024 06:41