Регион

Бугарија: „Каменица“ го претстави Madri Excepcional

02 апр 2024

Компанијата „Каменица“ го претстави  пивото Madrí Excepcional, кое е резултат на соработката помеѓу „Молсон корс бевериџ“ и мадридската пиварница „Ла Сагра“.

Од компанијата истакнаа дека ова е прв пат Madrí Excepcional да влезе на пазарите во Централна и Источна Европа, откако во 2020 година беше претставено на пазарот во Велика Британија.

Посебно сме горди што во Централна и Источна Европа бугарските потрошувачи ќе бидат првите кои ќе уживаат во ова исклучително пиво. Како лидер на премиум секторот во нашата земја, добро ги познаваме потребите на потрошувачите и сигурни сме што со Madrí Excepcional ќе им понудиме потполно ново и возбудливо искуство, изјави Владан Матиќ, извршен директор на „Каменица“.

 Пивото е инспирирано од Мадрид и содржи 4,6% алкохол. Заштитно лице на пивото е мажот „чуапо“, кој станал познат во 19.век, благодарејќи на својот софистициран стил на облекување по кој жителите на Мадрид се познати до денес.

 „Ла Сангра“ се основива на она што е најдобро од различните култури кои се преплетуваат во Мадрид и во регионот, во комбинација со иновативните техники на подготовка се создава пиво со одличен вкус. Оваа вредност ја делиме со „Молсон Корс“, а благодарејќи на нашата соработка успеавме да создадеме нешто навистина посебно – единствена фузија на мадридскиот начин на живот и традиционалното пивско наследство, изјави Карлос Гарсија, основач и извршен директор на пиварницата „Ла Сагра“.

 Извор/Фото: „Каменица“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...