Шарлиз Терон е редовна гостинка на ревиите на Диор. Откако минатиот пат беше во друштво на 11-годишната ќерка Џексон, овој пат таа беше придружувана од помалата ќерка Огуст.
Дуото мајка-ќерка го проследија модното шоу од првиот ред.
На настанот, Терон се појави во шик модна комбинација од Диор со бежово здолниште со натпис, додека 8-годишното девојче се смешкаше облечено во поспортски стајлинг.
Шарлиз ја посвои Огуст во 2015 година, а поголемото дете во 2012 година.