Со три деца скокнала во ладната Бојана откако пиела кафе со јатрвата

По А.А. и двете деца се уште се трга Фото: Фејсбук

А.А. за која се верува дека била жртва на семејно насилство, исчезнала на 2 мај со две ќерки на возраст од 9 и 6 години и со синот кој има само четири години

Медимумите во регионот известија за веста што вчера ја потресе јавноста, откако од студените води на Бојана беше извлечено телото на дветгодишно девојче по пријава на рибар. Ова е едно од трите деца, за кои се соменва дека трагично завршиле откако новната мајка заедно со нив се фрлила во вода, а полицијата на Албанија се уште трага по мајката А.А и по другите две деца.

А.А. (39), која, како што се сомнева, се фрлила во студената Бојана со три мали деца. Неколку часа претходно со јатрвта пиела кафе во Скадар, е најнова вест што ја пренесоа медиумите. А.А. за која се верува дека била жртва на семејно насилство исчезнала на 2 мај со две ќерки на возраст од 9 и 6 години и со синот кој има само четири години. Еден ден подоцна нејзиниот сопруг ги пријавил како исчезнати.
По сведочењето на сестрата на исчезнатата жена, која тврдеше дека сопругот ги малтретирал сестрата и децата, тој е уапсен под обвинение за семејно насилство ипредизвикување самоубиство.

Медиумите наведуваат и дека 31-годишниот маж се појавил смирен пред истражниот тим кога му било кажано дека членовите на неговото семејство можеби се удавиле, но тој ги отфрлил обвинувањата за физичко и психичко насилство врз нив.

– Му ставија лисици, додека тој изгледаше студено пред истражните органи кога беше објавено дека четирите членови на неговото семејство се удавиле во реката – пишуваат медиумите.

Полицијата која вчера го уапси Е.А. соопшти:

„На 03.05.2024 година граѓанинот Е.А.(31) пријавил дека ден претходно на 02.05. исчезнала неговата сопруга А.А.(39) и нивните 3 малолетни деца (9, 8 и 3 години). Посебна истрага е формирана група за испитување на причините за напуштање на станот Врз основа на спроведените увиди и полициско разузнавање, се сомнева дека на 05.04.2024 година 31-годишниот маж предизвикал самоубиство на Е.А. Тој претходно бил осуден за одгледување наркотични растенија и е приведен за кривично дело предизвикување самоубиство“, соопштија од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот