• Иван Димовски

Францускиот клуб Лион го промовира новиот тренер, наследникот на Пјер Саж.
Нов предводник на познатиот клуб е Пауло Фонсека кој помалку од еден месец беше без работа по отказот во Милан. Португалецот се враќа во францускиот фудбал каде што претходно го водеше Лил.
Фонсека ќе се обиде со Лион да избори излез во Европа. Тимот во моментов е на шестата позиција со 30 бода.
Во својата тренерска кариера Фонсека тргна во Португалија, стигна до Порто и Брага, па во 2016 замина во Шахтјор со кој освојуваше трофеи. Потоа ги водеше Рома и Лил пред да го преземе Милан, но оваа авантура му беше доста кратка.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.