Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,75% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 09.12.2022 година

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 78,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,686 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,370 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,878% или за 21,000 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,729% или за 23,050 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 2,516% или за 20,050 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,069% или за 9,100 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,5278 ден/$ и е за околу 0,151% понизок од курсот на доларот (58,6162 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.