Регион

Словенија: „Хофер“ покрена акција за собирање на очила

12 апр 2024

Компанијата „Хофер“ 12 години по ред собира очила за луѓето со слаб вид, кои ќе бидат донирани на луѓето од помалку развиените држави, кои не можат да си дозволат офталмолошки преглед.

 Акцијата се спроведува во соработка со „Лионс“ клубот од Љубљана, а по повод почетокот на оваа инциијиатива, компанијата донира 1.000 евра за Центарот за едукација, рехабилитација, инклузија и советување на слепите и слабовидни луѓе, за купување на машини со Браово писмо.

 На крајот на акцијата, сите собрани очила внимателно се пакуваат и се испраќаат во францускиот собирен центар „Медико Франс“, каде се обележуваат со оптички параметри, се чистат и се испраќаат на луѓето од помалку развиените земји.

Во рамките на оваа кампања секоја година собираме голем број на очила кои имаат потенцијал да променат живот. Благодарни сме на нашите купувачи што несебично им помагаат на оние кои не можат да си дозволат квалитетни офталмолошки третмани, изјави Бор Трчек, менаџер за квалитет на производи во „Хофер“.

 Амбасадор на годинешната акција е новинарот и пејач, Томаж Михелиќ Марлен, а акција ќе се спроведува во периодот од 13.април до 13.мај.

 

 

Извор: InStore.si

Фото: „Хофер“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...