Свет

Германија: Започнаа првите испораки на пакети со дрон

22 фев 2024

Како што пренесува „Дпа“, една компанија од Луденшајд, во покраината Северна Рајна – Вестфалија, во средата за прв пат во Германија направила испорака на пакети со дрон.

Се работи за „линиски летови за брза и еколошки прифатлива секојдневна логистика од воздух“ наведуваат произведувачот на дронови, „Тирд елемент авиајшн“ од Билефелд, групацијата „Коершулте“ од Луденшајд“ и програмерот „ННЛ скај“.

Дронот наречен „Ауриол“ може да испорача до 80 пакети дневно, летајќи над сообраќајна гужва. „3ЕА“ планира ширење на производите, а операторот проширување на зоните кои ги покрива со потенцијал да биде цела Германија и Европа.

Трите фирми нагласиле дека на дроновите не им требаат сопствени пилоти, затоа што можат преку контрола да надгледуваат истовремено 10-12 дронови и да интервенираат кога има потреба од тоа.

 „Ауриол“ има држачи кои можат да превземат пакет до 6,5 килограми и може да лета до 45 минути со брзина од 65 километри на час, а поради безбедност и заштита на уредите и товарот, дронот има падобран.

Сојузната воздухопловна управа ја дозволила оваа активност после двегодишни пробни летови, а операторите се првично фокусирани на индустрискиот сектор.

   Извор: dpa

  Фото:Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...