04 Мај, 2024
0.0291

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

Објавено во: Македонија 22 Април, 2024

Добивај вести на Viber

ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК ОД ПОЛНОЌ

Од полноќ почнува изборниот молк кој ќе трае додека не заврши гласањето, односно до среда до 19 часот.

Дел од изборните карвани веќе ги одржаа и централните митинзи а кандидатите и уште денеска со пораки до граѓаните за да ја добијат нивната поддршка.

ЌЕ ИМА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ТОКСИКОЛОГИЈА

Министерот за здравство Илир Демири ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија Данил Петровски затоа што се однесувал опозициски, а бил поставен од Владата. Според Демири тоа е недозволиво.

„Економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не сакала да вработи персонал неопходен да функционира токсиколошката лабораторија, ако во истиот „пакет“ не влезат и други кадри, лаборанти, сестри и хигиеничарки од кои болницата нема никаква потреба“, изјави професор доктор Нико Беќаровски, раководител на одделот за интензивна нега на Клиниката.

СЕМЕЈСТВОТО НА ЛЕОНИД ИНДОВ МОЛИ ДА СЕ РЕАГИРА ДО НАДЛЕЖНИТЕ

Владата донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекувањето на Леонид Индов. 

„Владата на една од изминатите седници донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекување на Леонид Индов“, потврди денеска министерот за здравство Илир Демири.

Вели дека е даден налог и тоа треба да е завршено како процедура и да е финализирано. 

„Сепак, утре има седница на Влада, ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето за лекувањето на нашиот сограѓанин Леонид Индов“, рече Демири.

Кон крајот на минатиот месец Демири се сретна со семејството на Леонид кој се повреди на летување во Калитеа во Грција и остана врзан за кревет.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Тетекс“ е прва компанија во македонската корпоративна историја која јавно со одлука на собрание на акционери одобри награда од 5% од нето добивката за нејзиниот генерален директор. 

Татјана Стерјева, сопственичката на втората најголема веледрогерија во Македонија „Еурофарм“, го презеде раководењето и на градежното претпријатие „Пелистер“ во Битола, чиј долгогодишен менаџер до скоро беше нејзиниот од неодамна покоен татко Силјан Мицевски.

Сите апели и совети, сите мерки на градење на доверба, но и сите стимулации изразени во поглед на повисока каматна стапка, изгледа дека конечно вродија плод, па денарите кои македонските граѓани ги чуваат во домашните банки, успеаја да ја надминат странската валута, или генереално еврата.

Бројот на лицата кои ја напуштаат Македонија и се исселуваат зема замав. Освен пандемиската 2020 година, кога има значително помалку лица кои заминале, од 2011 година наваму бројот на граѓани кои заминуваат постојано расте. 

Можеби ќе ве интересира

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“