Многу е интересно како модата е голем показател за тоа како живееле луѓето во одреден временски период. Модата беше од голема помош за многу историчари и истражувачи бидејќи поблиску и поинтересно ги евоцира социјалните статуси од минатото отколку поединечните списи.
Некои детали во сферата на модата с диезајнирани да бидат практични, а кој би помислил дека ги користиме и денес, како врвки или копчиња. Но, кога зборуваме за копчињата, дали некогаш сте се запрашале зошто копчињата на женската гардероба се секогаш лево, а на машката десно?
Ете, токму самото копче е едно од таканаречените огледала на времето, па ајде да погледнеме во 13 век, кога е создадено копчето на облеката. Иако создадено тогаш, копчето на облеката ја виде „светлината на популарноста“ дури во 14 век, кога стана знак на богатство.
Наскоро, копчињата направени од злато, сребро или заб од слон укажуваа на висока класа, додека дрвените или коскените копчиња беа почести и карактеристични за посиромашните слоеви на општеството. Ова, се разбира, не беше единствениот показател за статусот, но тоа што се сметаше за „еден од“ сведочеше за тоа колку рангот во општеството опфаќал сè, дури и кое копче ќе го носите на вашата кошула.
Модниот експерт Скот Либенберг ја објасни појавата на спротивните страни за закопчување, зборувајќи за „Хафингтон пост“.
- Одговорот зошто дупките се на спротивни страни во зависност од вашиот пол веројатно е и поради статусот. Посиромашните жени обично носеле престилки или туники кои лесно се влечат без врзување. Но, дамите од повисоките класи претпочитале копчиња за да го покажат статусот и носеле многу слоеви облека. Но, тоа доаѓа со дополнителна работа, поради што им требало помош при облекувањето.
Дамите често имале слугинки кои им помагале да се облекуваат, па копчињата од левата страна ѝ олеснувале на слугинката да ја закопче газдарицата.
Машката облека била многу поедноставна и тие главно се облекувале сами. Бидејќи повеќето луѓе се десничари, логично беше нивните копчиња да бидат десно. На десничарките им било полесно да ги закопчаат дамите, иако од нив се очекувало тоа да го направат со брзина на светлината, наведува тој.
На прашањето зошто ова сè уште постои и зошто оваа традиција не е укината, Скот дава едноставен одговор:
- Откако ќе се стандардизира одреден стил или карактеристика, тој има тенденција да продолжи. Иако стилот еволуира, општите модели остануваат исти, вели тој, додавајќи дека исто така верува дека тоа би можело да биде затоа што на тој начин, и во фабриките и во секојдневниот живот, полесно е да се каже дали е машка или женска кошула.