Левица со поддршка за првомајскиот протест

Во пресрет на 1-ви мај, #Левица како единствена Партија на трудот даде поддршка на денешните протести организирани од синдикатите во Република Македонија.

Организираниот труд е искрата во модерното време во кое владее профитот како главен двигател на политичките текови кои создаваат богатсво за малкумина потиснувајќи го мнозинството.

Оваа држава ја одбраниле и изградиле работниците, а ја ограбиле великопоседниците.

Работници, вие сте столбот на општеството и без вас не може ништо – пробудете се и зграпчете ја политичката моќ назад во свои раце!