- Оваа глетка во Валандово, ќе се насмеете, ме потсетува на калинката. Ни треба единство, ни треба консензус за најважните прашања. Треба да се сплотиме како калинка, сите, без оглед на каква било припадност! Особено треба да се сплотиме со дијаспората, истакна кандидатот за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова од митингот во Валандово.

Во годините на крајот на 19 век низ Европа, особено во Лондон во Бајроновото друштво, се дикутирало за Балканот и за Македонското прашање. Еден од најпопуларните британски премиери, Вилијам Гледстоун го напишал писмото до Бајроновото друштво со наслов: „Зошто не Македонија на Македонците?“ Во писмото вели: Зошто не и на тој мал народ да си ја земе судбината во свои раце? Така ќе има гаранција за мирот“ Сега повторно, мора да си ја земеме судбината во свои раце!

Дали оваа власт ве прави горди? Дали сме горди кога прифаќаме рамка што ниту една друга земја - кандидат ја немала? Дали сме горди кога за нас се поставуваат посебни услови? Дали сме горди кога сиромаштијата е најголема во Европа? Дали сме горди кога егзодусот на младите е неповратен? За жал, Валандово се празни. Затоа граѓаните треба како река на 24-ти април и на 8-ми мај да покажат дека тие се носителите на суверенитетот.

Македонија мора да биде горда, вие сте изворот на нејзината гордост, кажа Силјановска


Администратор
16/04/2024 21:10