Уапсени тројца Германци под сомнение дека шпионирале во корист на Кина

Германската полиција уапси три лица под сомнение дека шпионирале за Кина, пренесувајќи информации за технологијата со потенцијално воена употреба.

Во соопштението од сојузното обвинителство се наведува дека тројца германски државјани се обвинети дека работеле за кинеската разузнавачка служба уште пред јуни 2022 година. Тие исто така се осомничени и за кршење на германскиот Закон за извоз.

Во моментот на нивното апсење, осомничените биле во преговори за понатамошни истражувачки проекти кои би можеле да бидат корисни за проширување на борбената моќ на кинеската морнарица.

Осомничените, исто така, набавиле специјален ласер и го извезувале во Кина без дозвола, иако според правилата на Европска Унија е класифициран како инструмент со „двојна намена“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот