Насловна / Вести / Врачени наградите Порта 3 за 2023 година

Врачени наградите Порта 3 за 2023 година

Вчера Порта 3 наградата за 2023 година им ја врачи на добитниците на пријатна средба и дружење. Наградата за градежништво со задоволство му ја врачивме на д-р Милорад Јовановски, редовен професор при Градежниот факултет на Катедрата за геотехника. Наградата за екологија отиде во рацете на младите и полни со елан и ентузијазм извидници од БОРЕНКА – волонтерска иницијатива за пошумување на опожарени подрачја. Добитникот на наградата за архитектура, д-р Владимир Б. Ладински живее и работи во Англија и не беше во можност да присуствува на средбата. Наградата ќе му ја врачиме во првата прилика.

Порта 3 уште еднаш им честита на наградените и им посакува да продолжат со успешната работа.

p6 p2 p5 p3 p1 p7 p4

Испрати коментар

Scroll To Top