ОБНОВЕНО: ДИК ги објавува првичните резултати од гласањето

Фото: Државна изборна комисија

Државната изборна комисија го активира сајтот за онлајн следење на резултатите од гласањето на денешните претседателски избори.

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 1.365 од вкупно 3.508 избирачки места води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 35,37 отсто од гласоците, пред Стево Пендаровски од СДСМ со 17,34 проценти од гласовите.

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 18,18 проценти од гласовите, Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 13,26%, Максим Димитриевски од ЗНАМ – 7,39%, Билјана Ванковска поддржана од Левица има 4,18% и Стевчо Јакимовски од ГРОМ – 0,91 проценти.

Гласачките места беа отворени од 7:00 до 19:00 часот. Право на глас имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Одзивот на денешните претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61 отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број евидентирани избирачи, односно 907.159 гласови. Ако никој не го добие потребното мнозинство, ќе се организира втор круг во кој одат двајцата кандидати кои добиле најмногу гласови.

Ова се седми непосредни избори за претседател од независноста на државата. Претходните беа одржани во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Право на глас на денешните избори имаа 1.814.317 граѓани лица запишани во избирачки список. Тие на 3.480 избирачки места можеа да се изјаснат за еден од седумтемина кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски.

Одзивот на претседателските избори до 18 часот изнесуваше 47,61 отсто, и е поголем од последните избори за шеф на државата во 2019 година кога до 19 часот на гласање излегоа вкупно 41,67 отсто од запишаните избирачи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот