Првиот човек на шпанскиот фудбал објасни зошто во Ла Лига нема гол-технологија

Фото: ЕPA-EFE/Daniel Gonzalez

Првиот човек на Шпанската фудбалска федерација, Хавиер Тебас објасни зошто во Шпанија не се користи гол-технологијата.

Во Шпанија многу се коментира на оваа тема откако во „Ел Класико“ имаше спорен момент во кој не е јасно дали топката во една ситуација по шутот на Ламин Јамал ја мина гол-линијата.

Судиите на теренот и во ВАР собата донесоа одлука дека не било гол, а тоа предизвика бурни реакции во јавноста. Барселона најави дури и тужба за шпанската федерација најавувајќи дека е спремна да побара и преигрување на дербито.

Тебас денес објасни дека во Шпанија нема гол-технологија затоа што била премногу скапа, а не е перфектна.

„Технологијата не е перфектна, тоа е првата причина. Во текот на сезоната такви ситуации има три или четири и ако на тоа се додаде дека не е перфектна, а е премногу сакапа тогаш јасно е дека не е исплатливо. За да се воведе гол-технологијата потребно е да се плати сума од пет или шест милиони евра. Она што можеме да го направиме е да имплементираме камери кои ќе помагаат на судиите“, изјави Тебас.

Барселона не се откажува: Правда за спорниот момент од „Ел Класико“ ќе бара и на суд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот