До ДИК поднесена нова иницијатива за собирање потписи за претседател

На само два дена од истекот на рокот за собирање на потписи за кандидати за претседател, до Државната изборна комисија денеска била доставена Иницијатива за собирање на потписи за кандидатура од страна на Драган Николовски.

Како што информираат од ДИК потписите и за овој ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на цела територија на државата.

До овој момент потребните 10 000 гласови ги собраа седум кандидати.

Билјана Ванковска Цветковска кандидат од партијата Левица од граѓаните собра

10 500, Бујар Османи од ДУИ - 11 085, Максим Димитриевски од ЗНАМ 11 605,

Стевчо Јакимовски 11 202, Арбен Таравари 10 710, кандидатот на Социјал демократскиот сојуз (СДСМ) Стево Пендаровски има собрано 22 411, Гордана Силјановска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ 28 086 гласови.

Сите останати пријавени кандидати за шеф на државата имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 1 876, кандидатот Вело Марковски 1 551 потпис, Ѓорѓи Манасков 468, Зорица Цветковска 255, Господин Попоски 137 потписи. Според податоците од ДИК, во овие пет дена, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски и за Гоце Ристов кој иницијатива за собирање потписи поднесе вчера.

Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.

Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.

Властите во Хјустон повикаа на евакуација поради огромните поплави (ВИДЕО)

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.

Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.

Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги демантираше гласините дека неговиот настап на претстојниот Ролан Гарос ќе биде последен во неговата кариера.

Рекордерот по освоени Гренд слем титули во Париз (14) и оваа сезона има намера да се бори за трофејот во француската престолнина, но поради проблеми со повредите, некои медиуми побрзаа да го пензионираат што е можно поскоро.

Но, тоа воопшто не му се допадна на Надал, па по поразот од Јиржи Лехечка во Мадрид се наврати на медиумите и изјави дека се уште нема намера да се пензионира. Особено не во Париз, каде летово би можел да се најде како член на олимпискиот тим на Шпанија.

-Мојот сон е последен пат да се натпреварувам на Олимписките игри. Никогаш не реков дека мојата кариера ќе заврши на Ролан Гарос, јасно подвлече Надал за шпанскиот канал „Мовиестар“.

Рафаел Надал моментално е 512. играч во светот, има 37 години и сезонава забележа три победи и два порази. Во текот на својата блескава кариера оствари биланс од 1.071 победа и 222 порази. На врвот на светската АТП листа стигна во 2008 година, додека во текот на кариерата освои 92 титули и нешто повеќе од 130 милиони долари на турнири.

Облачно време со локален дожд и северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. 

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен, а во Пелагонија повремено засилен ветер од западен правец кој во Битола достигнува брзина до 45 km/h.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие има наврнато во Крива Паланка 20 литри на метар квадратен, во Штип 15, во Берово 12, во петровец - Скопје и во Охрид 9, во Демир Капија 7, во Претор 5, во Велес и Кавадарци 4, во Струмица и Гевгелија 3, во Виница и Лазарополе 2 и во Битола и Куманово еден литар на метар квадратен.

Синоптичарите за утре и за понеделник најавуваат претежно сончево и потопло време. Во вторник, локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран, в среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

притисни ентер