
Јужнокорејците станаа една или две помлади во средата кога стапија на сила новите закони кои бараат да се користи само меѓународниот метод за пресметување на возраста.
Image by Freepik
Според системот кој најчесто се користи во секојдневниот живот во Јужна Кореја, луѓето се сметаат за една година при раѓање, а една година се додава на 1 јануари.
Од раните 1960-ти, земјата ја применува меѓународната норма за броење од нула при раѓање и додавање една година на секој роденден за медицински и правни документи. Но, многу од Јужнокорејците продолжија да го користат традиционалниот метод за сè друго.
Во декември Јужна Кореја донесе закони со кои се укинува традиционалниот метод и целосно се прифаќа меѓународниот стандард.
– Очекуваме дека многу ќе се намалат правните спорови, жалбите и социјалната конфузија за тоа како да се пресмета возраста, изјави во понеделник висок функционер.
Според владиното истражување спроведено во септември 2022 година, 86 отсто од Јужнокорејците изјавиле дека ќе ја одредат својата возраст во секојдневниот живот според меѓународниот стандард кога ќе стапат на сила новите закони.