Народниот правобранител незадоволен од недонесувањето на законските измени

Народниот правобранител искажува јавно незадоволство и зачуденост поради леснотијата со која парламентот на вчерашната 149 седница каде со неколку збора (амандманите не се преведени), стави точка на можноста за донесување на измените и дополнувањата на Законот на народниот правобранител, кои имаа неколку цели, соопштија денеска од Канцеларијата на Народниот правобранител.

„Имено, години наназад државата преку надлежните институции имаше обврска да создаде и законски претпоставки Народниот правобранител да може да биде Национална институција за заштита на човековите слободи и права, со стаус А бидејќи тоа произлегува и од повеќе меѓународни документи.“ - велат од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Одговор побаравме од првиот човек на Собранието, спикерот Јован Митревски по однос на реакцијата на Народниот правобранител. Но претседателот на законодавниот дом остана недостапен за одговор на повиците и пораките.

За потребата од изменување на Законот за народниот правобранител уште во 2015 година во својот извештај посочи и Прибе, а со оглед дека во меѓувреме беа направени само делумни и козметички измени, дополнително Европската Комисија и другите релеватни меѓународни организации укажуваа и препорачуваа државата доследно да ја доуреди законската рамка на институцијата.

„Овие измени требаше да овозможат и имлементација на препораките на Европската комисија во делот кој што се однесува за независните регулаторни контролни и надзорни тела, вклучително и Народниот правобранител, а согласно кои треба да се осигури нивната независност и да се зајакнат нивните капацитети.“ - велат од Канцеларијата на Народниот правобранител.

Народниот правобранител апелирадо Собранието да ја продолжи 149 седница и да биде разгледан и донесен дополнетиот предлог Законот за изменување и дополнувањата на Законот за народниот правобранител.