Колку пари се заработуваат на најбараните работни места во Германија?

Странците наскоро ќе можат многу полесно да добијат германско државјанство - некои дури и за три години. Сојузното МВР сега потврди дека оваа реформа, договорена во коалицискиот договор, напредува.

Околу девет милиони луѓе кои немаат германско државјанство живеат во Германија. Многу од нив веќе би можеле да бидат натурализирани доколку сакаат, но други сè уште не ги исполнуваат условите за германски пасош. Реформата на Законот за германско државјанство, договорена во коалицискиот договор меѓу СПД, Зелените и ФДП, отиде чекор понатаму. Предлог-законот е „речиси готов“ и наскоро ќе биде испратен до други министерства, изјави портпаролката на сојузната министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, а пренесува Deutsche Welle.

Германски пасош по пет, или дури три години

Пред сè луѓето кои долги години живеат во оваа земја би требало полесно да станат германски државјани. Наместо осум години, како сега, државјанство би можело да се добие веќе по пет години престој во Германија. Во случај на „посебни придонеси за интеграција“, тоа би требало да биде можно дури и по три години - на пример, ако имигрантите покажале посебен академски, професионален или доброволен ангажман или имаат особено добро познавање на јазикот. Децата на странците родени во Германија треба автоматски да имаат право на германско државјанство, доколку еден од родителите имал „адреса на постојан престој“ во Германија во последните пет години. Досега ова правило важеше само по осум години.

Помалку пречки за лица над 67 години

За лицата постари од 67 години, Фезер сака да ги укине официјалните сертификати за познавање на германскиот јазик што беа потребни досега. Наместо тоа, треба да биде доволна „способноста за усно разбирање". За припадниците на оваа возрасна група треба да се отфрли и тестот за знаење за општествениот и правниот поредок во Германија, кој беше потребен досега. Покрај тоа, оваа реформа треба значително да го олесни поседувањето повеќекратни државјанства Лидерот на парламентарната група на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) во Бундестагот Торстен Фреј (ЦДУ) ги критикуваше планираните измени на законот. „Германскиот пасош не смее да стане евтина стока“. Неговиот заменик Андреа Линдхолц (ЦСУ) објасни: „На странците во Германија им е оневозможен поттикот да се интегрираат“.

Балканските мигранти во Германија

Просечната годишна плата во Германија е 56.985 евра. Најголема заработка имаат лекарите (нивните годишни бруто приходи се 100.762 евра), потоа банкарите чија просечна плата е 62.744 евра, додека просечната плата на адвокатите е 68.642 евра.

Балканците во Германија најчесто работат во градежништво, угостителство, како и работни места во металната индустрија, транспортот, негата. За повеќето работни места не е потребно познавање на јазикот, иако тоа е пожелно, додека во здравството тоа е задолжително. Како по правило, колку се подобри квалификациите и колку подобро зборуваат германски, толку полесно им е на мигрантите да се вработат и да останат долгорочно во земјата. Сепак, поголемиот дел од работниците од Балканот во Германија работат на оние послабо платени работни места, за кои е потребна само диплома за завршено средно образование и површно познавање на јазикот.

Нивната заработка се движи од 1.800 евра до 3.000, дури и малку повеќе. Така, раководител на производство заработува 4.500 евра, електротехничар 3.460 евра, техничар за електроника 3.140 евра, заварувач 3.000 евра, производствен работник 2.500 евра, автолакер 2.560. Што се однесува до превозот, камионџија заработува 2.900 евра месечно, возач на автобус 2.200 евра, возач за достава на пакети 2.100 евра, а работник во магацин 1.900 евра. Во угостителските и одржувачките работи платите се нешто помали од другите сектори, па помошниците готвачи заработуваат до 1.900 евра, келнерите околу 1.800, додека собарките за одржување добиваат околу 1.800 евра.

Просечна бруто плата

Магазинот Fenix објави месечни бруто плати за 100-те најпопуларни професии во Германија. Тоа се медијални бруто плати по професија. Во овој магазин наведуваат дека просечната плата на сите вработени со полно работно време кои подлежат на придонеси за социјално осигурување била 3.427 евра во 2020 година.

Негувател 3.174 евра

Фармацевт 4.546 евра

Архитект 4.122 евра

Доктор 6.337 евра

Медицински асистент 2.496 евра

Оптичар 2.407 евра

Пекар 2.319 евра

Продавач во пекара 1.840 евра

Багерист 3.437 евра

Банкарски службеник 4.990 евра

Градежен инженер 4.999 евра

Професионален возач 2.567 евра

Бизнис економист (текстил) 3.916 евра

Биолог 5.240 евра

Сметководител 3.695 евра

Канцелариски службеник 3.338 евра

Возач на автобус 2.925 евра

Агент во кол-центар 2.161 евра

Хемиско-технички асистент 3.943 евра

Контролор 5.714 евра

Градежен работник за правење покриви 3.140 евра

Диспечер за сцена/филм/телевизија 4.852 евра

Набавувач во продажба 4.734 евра

Референт во малопродажба 2.445 евра

Електричар 3.176 евра

Електромеханичар 3.465 евра

Електротехничар за уреди и системи 3.465 евра

Рецепционер 1.716 евра

Одгледувач 3.903 евра

Менаџер за настани 3.474 евра

Специјалист за комуникации 3.900 евра

Инструктор по возење 2.930 евра

Раководител на експозитура 4.113 евра

Плочкар 3.046 евра

Фризер 1.666 евра

Возач на виљушкар 2.679 евра

Инсталатер за гас и вода 3.122 евра

Чистач на згради 2.105 евра

Графички дизајнер 3.180 евра

Трговец на големо 3.162 евра

Хотелски специјалист 2.117 евра

Домашник 2.924 евра

Референт за индустрија 3.667 евра

Индустриски механичар 3.871 евра

ИТ специјалист 5.731 евра

Електроинженер 6.300 евра

Судски службеник 3.373 евра

Касиер во малопродажба 2.212 евра

Келнер 1.823 евра

Раководител на клучни сметки 5.034 евра

Готвач 2.205 евра

Медицинска сестра 3.645 евра

Молер 2.975 евра

Работник во магацин 2.279 евра

Наставник во основно училиште 4.444 евра

Средношколски професор 5.577 евра

Логистичар 3.525 евра

Логопед 2.714 евра

Заварувач 2.819 евра

Маркетинг специјалист/асистент 3.678 евра

Раководител за маркетинг 4.799 евра

Машински инженер 6.173 евра

Циглар 3.214 евра

Техничар за мехатроника 3.304 евра

Аудиовизуелен инженер 2.966 евра

Медицинско-технички лаборант 3.497 евра

Металопреработувач 3.674 евра

Болничар 3.511 евра

Службеник за човечки ресурси 3.927 евра

Физиотерапевт 2.588 евра

Пилот над 6.450 евра

Психолог 4.626 евра

ПР менаџер 4.520 евра

Инвеститорот 4.634 евра

Правен помошник 2.640 евра

Уредник 4.366 евра

Персонал за чистење 1.911 евра

Бродомеханичар 3.798 евра

Ковач 3.053 евра

Секретар 3.338 евра

Обезбедување 1.800 евра

Златарница 2.416 евра

Развивач на софтвер 5.195 евра

Социјален работник 3.987 евра

Службеник за социјално осигурување 4.160 евра

Шпедитер 3.275 евра

Даночен службеник 2.856 евра

Градител на патишта 3.463 евра

Систем администратор 4.750 евра

Технички цртач 3.368 евра

Помошник за заштита на животната средина 3.569 евра

Продавач 2.445 евра

Мониторинг на сообраќај 3.430 евра

Референт за осигурување 4.695 евра

Административен референт (висока позиција) 4.543 евра

Механичар 3.755 евра

Овластен сметководител над 6.450 евра

Забен техничар 2.590 евра

Столар 3.189 евра

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Свет

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе